Лани инвестирани 300 милиони во станбена изградба

Bez autora
Nov 11 2013

Минатата година во Македонија биле изградени вкупно 14 станбени згради, односно двојно повеќе споредено со претходната година. При тоа во 2012 година се изградени вкупно 6.443 стана, што е за 1.180 стана повеќе споредено со 5.254 стана изградени во 2011 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, градежниците за една година инвестирале околу 300 милиони евра во изградба на вкупно 1.507 објекти. Овие податоци покажуваат дека станбената изградба во последните неколку години е во постојан пораст. Во Македонија се повеќе се градат станови, иако според неофицијалните податоци на пазарот има околу 5.000 нови станови што стојат непродадени.

Лани инвестирани 300 милиони во станбена изградбаМинатата година во Македонија биле изградени вкупно 14 станбени згради, односно двојно повеќе споредено со претходната година. При тоа во 2012 година се изградени вкупно 6.443 стана, што е за 1.180 стана повеќе споредено со 5.254 стана изградени во 2011 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, градежниците за една година инвестирале околу 300 милиони евра во изградба на вкупно 1.507 објекти. Овие податоци покажуваат дека станбената изградба во последните неколку години е во постојан пораст. Во Македонија се повеќе се градат станови, иако според неофицијалните податоци на пазарот има околу 5.000 нови станови што стојат непродадени.

Сепак, и покрај презаситеноста на пазарот, цената на станбениот квадрат никако да падне. Според Статистика, просечната цена на становите на национално лани изнесувала 810 евра, што е за минимални 0,4% помалку во однос на претходната година. Во Скопје, каде што има најголема побарувачка и се изградени најмногу станови, продажната цена лани изнесувала 952 евра, што е за 0,5% помалку во споредба со 2011 година. Во останатите населени места во државата, цената на становите изнесува 43,328 денари, што е зголемување за 4,9% во споредба со претходната година.

Најинтересна локација за инвеститорите се уште е Скопје, па потоа следи полошкиот регион и источна Македонија. Во главниот град лани се изградени 2.231 станови, и тоа најголем дел се во општините Карпош, Центар, Ѓорче Петров, Гази Баба и Сопиште.

По Скопје следи Охрид со 579 станови и Куманово со 394 станови. Градежниците во Тетово лани изградиле 352 стана, а во Струга 251 стан, следуваат Кочани со 214 и Прилеп со 180 стана, Гостивар со 171, Струмица со 133 и Битола со 121 стан. Најголем број од становите се трисобни, потоа следуваат двособни, петсобни, четирисобни, а најмалку се граделе еднособни станови.

Околу 350 милиони евра е вкупната вредност на непродадените нови станови

Според податоците на Народната банка на Македонија за вториот и третиот квартал од 2012 година, просечната цена на становите во земјава опаднала за 1,3% во периодот април и јуни и за 1,8% во периодот јули-септември во споредба со идентичниот период од претходната година. Од друга страна, пак, според истражувањето на агенцијата Фортон, во втората половина од 2012 година градежниот сектор бележи раст за 19% на бројот на нови станови во однос на првата половина од годината. Исто така, расте бројот на станови во изградба за 7,3% споредено со првата половина, од кои 70% треба да бидат завршени во текот на годинава. Ако се земе предвид дека лани над 30% од изградените станбени капацитети останале непродадени, очекувањата на градежниците се дека годинава расчекорот меѓу понудата и побарувачката ќе биде уште поголем. Според пресметките околу 350 милиони евра е вкупната вредност на новите станови коишто во моментов се изградени и стојат непродадени.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik